Почитувани колешки и колеги, Производите на „Алкалоид“ се дел од секојдневието на милиони луѓе во земјите каде што компанијата има воспоставено свои деловни операции. Секој производ што го носи логото на „Алкалоид“ е синоним за квалитет, за традиција и за вложен труд на преку илјада вработени и генерации на „алкалоидовци“, кои пред нас ги граделе компаниските вредности. Но, во исто време, огромна е одговорноста да се задржи тој кредибилитет.
Имиџот на секоја компанија не го градат скапите маркетиншки кампањи или шарените пакувања на производите. Тој имиџ, тие компаниски вредности и тој кредибилитет се рефлексија на организациската култура, во која треба да постојат точно дефинирани правила на однесување на секој вработен и на секој соработник, кој на некој начин е вклучен во компаниските процеси на кое било ниво. Затоа го дефиниравме „Кодот на етичко и деловно однесување“, кој претставува сублимат на правила за однесување на работното место, кои треба да бидат и референција за сите вработени за нивно поуспешнo справување со секојдневните работни предизвици на професионален и на етички начин.
Сите ние, како дел од глобално ориентираната приказна на „Алкалоид“, треба да придонесеме за успешно реализирање на компаниските процеси и секој вработен со своето однесување треба да ја манифестира својата цврста волја, намера и подготвеност да придонесе за непречено и за уште поефикасно спроведување на компаниската визија и мисија. За мене, како Генерален директор на „Алкалоид“, не постои повисок приоритет од високопрофесионален и етичен пристап во работењето од страна на вработените во компанијата, без оглед на тоа од која земја потекнуваат и на која позиција работат. Ви благодарам што сте дел од успешната приказна на „Алкалоид“ и им се радувам на идните заеднички поголеми успеси и на уште повисоките достигнувања!
Добредојдовте на веб-формaта за пријавување „AlkaSpeakUp “. Веб-формата AlkaSpeakUp овозможува анонимно или транспарентно пријавување на повреда на Кодот за етичко и деловно однесување по електронски пат. Без разлика кој начин на пријавување ќе го изберете ние ја гарантираме доверливоста и безбедноста на сите податоци и на секој пријавувач.
Ве молиме зачувате го овој конфирмациски клуч. Во следниот период редовно проверувајте во вашата пријава дали сте добиле повратна содржина. Проверката ја правите со најава во вашата пријава, на почетната страна на AlkaSpeakUp преку клик на копчето „Провери статус на пријава“, каде што ќе треба да го внесете вашиот конфирмациски клуч наведен подолу :