Креирај профил
ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Со означување на полето на веб апликацијата AlkaSpeakup:
- давате согласност Алкалоид АД Скопје да Ве комуницира и постапи по однос на вашата пријава на веб апликацијата AlkaSpeakup за нетичко однесување – повреда на Кодот за етичко и деловно однесување и незаконско однесување –нарушување на корпоративна усогласеност (нерегуларност).
- ги прифаќате Правилата и условите за обработка на личните податоци дефинирани во оваа изјава и во Политиката за приватност
Правила и услови за обработка на личните податоци
Кому му давате согласност?
- Друштвото АЛКАЛОИД АД Скопје, со седиште на бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, ЕМБС 4053575, во својство на контролор на личните податоци
- Секој државен орган или институција на Република Северна Македонија на која АЛКАЛОИД АД Скопје, согласно закон, е обврзан да и ги достави Вашите податоци во рамки на нивните надлежности
За која цел се врши обработка на Вашите лични податоци?
АЛКАЛОИД АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци: име, презиме, адреса на електронската пошта, корисничко име и други информации поврзани со вашето барање кои што ќе одлучите да ги доставите, со цел да Ве комуницира и постапи по однос на Вашата пријава за пријавување на нетичко однесување – повреда на Кодот за етичко и деловно однесување и незаконско однесување –нарушување на корпоративна усогласеност (нерегуларност).Која е правната основа за обработка на Вашите лични податоци?
Правната основа за обработка на Вашите лични податоци е Вашата согласност за дефинираната цел, преку означување на полето на веб апликацијата AlkaSpeakupКако се заштитени Вашите лични податоци?
АЛКАЛОИД АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите соодветни позитивни законски прописи. Секое лице вработено во АЛКАЛОИД АД Скопје кое има пристап до Вашите лични податоци, е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците. Само лицата кои се овластени од страна на АЛКАЛОИД АД Скопје имаат право да пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на работите во нивна надлежност, со примена на најсовремени технички и организациски мерки за заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците.Во кој рок се чуваат Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци ќе се обработуваат и чуваат се до повлекување на Вашата согласност за нивна обработка, односно до истекот на рокот определен за обработка на личните податоци за горенаведените цели.Кои се Вашите права?
Ве информираме дека имате право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката, преносливост на Вашите лични податоци, правото на приговор. Воедно, имате право во секое време да ја повлечете дадената изјава за согласност и да побарате да запре понатамошна обработка на Вашите лични податоци. Овие Ваши права произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци. За остварување на Вашите права од став 1 на оваа точка, како и за прашања во врска со обработката на Вашите лични податоци, упатете барање на:- електронска адреса на офицерот за заштита на лични податоци на АЛКАЛОИД АД Скопје, [email protected]
- телефонски број на офицерот за заштита на лични податоци: +389 2 3104 000 или
- поштенска адреса АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија - офицер за заштита на лични податоци.