Со означување на полето на веб апликацијата AlkaSpeakup:
Запознаен/а сум дека имам право да ја повлечам оваа изјава за согласност во секое време, како и дека нејзиното повлекување не влијае на законитоста на обработката, заснована на дадената согласност пред нејзиното повлекување.
АЛКАЛОИД АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци: име, презиме, адреса на електронската пошта, корисничко име и други информации поврзани со вашето барање кои што ќе одлучите да ги доставите, со цел да Ве комуницира и постапи по однос на Вашата пријава за пријавување на нетичко однесување – повреда на Кодот за етичко и деловно однесување и незаконско однесување –нарушување на корпоративна усогласеност (нерегуларност).
Правната основа за обработка на Вашите лични податоци е Вашата согласност за дефинираната цел, преку означување на полето на веб апликацијата AlkaSpeakup
АЛКАЛОИД АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите соодветни позитивни законски прописи. Секое лице вработено во АЛКАЛОИД АД Скопје кое има пристап до Вашите лични податоци, е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците. Само лицата кои се овластени од страна на АЛКАЛОИД АД Скопје имаат право да пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на работите во нивна надлежност, со примена на најсовремени технички и организациски мерки за заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците.
Вашите лични податоци ќе се обработуваат и чуваат се до повлекување на Вашата согласност за нивна обработка, односно до истекот на рокот определен за обработка на личните податоци за горенаведените цели.
Ве информираме дека имате право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката, преносливост на Вашите лични податоци, правото на приговор. Воедно, имате право во секое време да ја повлечете дадената изјава за согласност и да побарате да запре понатамошна обработка на Вашите лични податоци. Овие Ваши права произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци. За остварување на Вашите права од став 1 на оваа точка, како и за прашања во врска со обработката на Вашите лични податоци, упатете барање на:
Доколку сметате дека со обработката на Вашите лични податоци се прекршени одредбите на Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Welcome to the "AlkaSpeakUp" reporting web form. The AlkaSpeakUp web form allows anonymous or transparent reporting of violations of the Code of Ethics and Business Conduct electronically. Regardless of which reporting method you choose, we guarantee the confidentiality and security of all data and each reporter.
Ве молиме зачувате го овој конфирмациски клуч. Во следниот период редовно проверувајте во вашата пријава дали сте добиле повратна содржина. Проверката ја правите со најава во вашата пријава, на почетната страна на AlkaSpeakUp преку клик на копчето „Провери статус на пријава“, каде што ќе треба да го внесете вашиот конфирмациски клуч наведен подолу :